shut - онтологија

заклопи повеќе

заклопат
Вид збор: Глагол, свршен
Не зборува, не кажува ништо.
Албански: mbyll, mshel
Употреба: Преносно значење
Примери:
Устата му е заклопена.
(се заклопи) Се затвори нешто.
Албански: mbyll, mshel
Примери:
Вратата се заклопи.

затвори повеќе

затворат
Вид збор: Глагол, свршен
Hаправи да не може да се излезе од (или да се влезе во) некаква просторија или заграден простор, да не може да се помине.
Албански: mbyll
Примери:
Затвори врата.
Запре, оневозможи движење, минување на нешто со помош на некаква направа.
Албански: mbyll
Примери:
Затвори вода.
Престане да работи по работното време или засекогаш.
Албански: mbyll, burgos
Примери:
Продавниците ќе затворат по еден час.
(се затвори) Не излезе некое време надвор, не се покаже во јавност.
Албански: mbyllem
Примери:
Се затворив неколку дена и нигде не излегов, само учев.

подзатвори повеќе

подзатворат
Вид збор: Глагол, свршен
Затвори само малку, донекаде.
Примери:
Подзатвори ја вратата, почна да студи.

призатвори повеќе

призатворат
Вид збор: Глагол, свршен
Затвори малку, донекаде.
Примери:
Децата ја призатворија вратата и истрчаа на улица.

притвори повеќе

притворат
Вид збор: Глагол, свршен
Делумно затвори, малку затвори врата, прозорец и сл.
Албански: mbyll pak
Примери:
Притвори го прозорецот, има провев.

склопи повеќе

склопат
Вид збор: Глагол, свршен
За очи, клепки - затвори.
Албански: mbyll
Примери:
Са ноќ око не беше склопил.
(се склопи) За очи, клепки - се затвори.
Албански: mbyll
Примери:
Очите ми се склопија од замор.