smile - онтологија

засмешка повеќе

(се) засмешкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се смешка.
Примери:
Кога ја виде, тој се засмешка.

насмев повеќе

Види и: насмевка (ж.)
мн. насмеви
Вид збор: Именка, машки род
насмевка

насмевка повеќе

мн. насмевки
Вид збор: Именка, женски род
Израз на лицето, при што малку се развлекуваат усните, кој покажува добро расположение, задоволство, или подбив, иронија.
Албански: qeshje, buzëqeshje
Примери:
пријателска насмевка

насмевне повеќе

(се) насмевнат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие насмевка на лицето, со насмевка изрази некакво расположение.
Примери:
Весело се насмевна.

поднасмевне повеќе

Види и: насмевне (св.)
(се) поднасмевнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се насмевне малку.
Примери:
Тој се поднасмевна цинично.

понасмее повеќе

Види и: поднасмее (св.)
(се) понасмеат
Вид збор: Глагол, свршен
поднасмее

попотсмевне повеќе

(се) попотсмевнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се насмевне малку, воздржано, се поднасмевне.
Примери:
Кога го виде, таа му се попотсмевна.

попотсмее повеќе

(се) попотсмеат
Вид збор: Глагол, свршен
Се насмевне малку, воздржано, се поднасмевне.
Примери:
Таа се попотсмеа на неговите шеги.

потсмева повеќе

(се) потсмеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се смее тивко, во мала мера, незабележително.
Албански: buzëqeshje
Примери:
Стариот само се потсмева под мустаќ.

смевна повеќе

Вид збор: Именка, женски род
насмев
Употреба: Поетски збор , Ретко

смешка повеќе

Види и: смее (несв.)
(се) смешкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со насмевка изразува некакви чувства, своето расположение кон нешто.
Албански: qeshet
Употреба: Деминутив
Примери:
За сето време се смешкаше.
се покажува, се ветува, се отвора
Албански: buzëqeshje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му се смешка убава перспектива.

усмев повеќе

Види и: насмевка (ж.)
мн. усмеви
Вид збор: Именка, машки род
насмевка

усмевне повеќе

(се) усмевнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) насмевне

усмевнува повеќе

Види и: усмевне (св.)
(се) усмевнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) насмевнува