смешка
Види и:
смее (несв.)
(се) смешкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4504
1.
Со насмевка изразува некакви чувства, своето расположение кон нешто.
Примери:
За сето време се смешкаше.
Му се смешкаше на својот нов пријател.
2.
се покажува, се ветува, се отвора
Примери:
Му се смешка убава перспектива.
Ми се смешка среќата.