а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смее

(се) смеат; смеј, смејте; смеев, смееш; смееја; смеел, смеела, смеело; смеен; смеејќи; смеав, смеаја; смеал; смеан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 289
1. (преод.) Предизвикува смев кај некого.
Англиски: laugh Албански: qeshje
Примери:
Ги смееше децата.
2. (се смее) Издава смеа; за очи, лице - изразува радост, веселост.
Англиски: laugh Српски: смејати Албански: qesh Бугарски: смея
Примери:
Се смее гласно.
Се смее со сила.
Се смее во себе.
Очите ѝ се смееја.
3. (се смее) се подбива, се потсмева
Англиски: deride Албански: përqesh
Примери:
Немој да му се смееш.
4. (ми, ти, му... се смее) Се смее некому.
Англиски: laugh at Албански: qesh me
Употреба: Безлично
Примери:
Ми се смее.
5. Наоѓа во себе смелост за нешто.
Англиски: dare Албански: guxim
Примери:
Не смееше да излезе.
Кој смее да му каже?
6. Има моќ, право, дозвола и сл.
Англиски: may Албански: mund
Примери:
Тоа не смее да го стори.
Не смее да пуши.
Смеам ли да ве прашам?
Никој не смее да му се меша.
Изрази
Се смее под мустак - се смее лукаво, потсмешливо.
Кој последен се смее, најслатко се смее - ќе се смее тој што ќе биде сигурен дека решението е во негова полза.
Се смее како луд на брашно - се смее без причина.
Се смее до солзи - се смее многу.