залижат
Вид збор: Глагол, свршен
За коса - исчешла да биде мазна.
Примери:
Тој ја залижал косата на патец.
(се залиже) За коса - се исчешла мазно, се измазни.
Примери:
Тој се залижа во косата и излезе.
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане мазно.
Примери:
Градинарот ја замазни леата со гребло.
За коса - залиже.
Примери:
Тој се изми и ја замазни косата.
Среди, поправи работа, впечаток и др.
Примери:
Тој се обиде да ја замазни работата.
(се замазни) За коса - се залиже.
Примери:
Таа се замазни во косата и излезе.
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде рамно, дотера нешто со рамнење.
Примери:
Тој го зарамни местото со земја.
измазнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане мазно.
Примери:
Таа ги измазни чаршафите со рака.
клепаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Остри со чукање воденички камен.
мазни
Вид збор: Придавка
Што има рамна површина, што не е рапав.
Примери:
мазна кожа
мазнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да стане мазно.
Примери:
Жената ја мазнеше постелата.
(се) намазнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се исчешла мазно, се залиже.
Примери:
Таа одвреме-навреме ќе се погледнеше во огледалце и ќе се намазнеше.
Вид збор: Глагол, свршен
Замазни, зарамни малку, донекаде.
Албански:
rrafshoj, lëmoj
Примери:
Го подзамазни фустанот.
За коса - подотера со мазнење.
Примери:
Ги лизна прстите и ја подзамазни косата над челото.
Поправи, смири некоја работа, малку, донекаде.
Примери:
Малку го подзамазни конфликтот.
Вид збор: Глагол, свршен
Зарамни малку, кратко време, во некоја мера.
Примери:
Тој ја подзарамни леата и почна да сади кромид.
подизрамнат
Вид збор: Глагол, свршен
Израмни малку, донекаде.
Примери:
Ги здипли и ги подизрамни алиштата со рацете и без да ги пегла, ги стави во плакарот.
(се подизрамни) Се израмни малку, донекаде.
Примери:
Групата се подизрамни во одењето со другите групи во дефилето.
Вид збор: Глагол, свршен
Замазни малку повеќе.
Примери:
Ќе ја позамазни брадата и мустаќите — колку да не му влегуваат во устата.
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане зарамнето, зарамни нешто малку или уште малку подобро, повеќе.
Примери:
Таа со раката го позарамна здолништето.
Вид збор: Глагол, свршен
Измазни малку повеќе.
Примери:
Туку најубаво е да скокне до дома, да се подотера малку и да се поизмазни пред огледалото и да си поразговара самиот со себе.
помазнат
Вид збор: Глагол, свршен
Мазни малку, донекаде, за да израмни.
Албански:
lëmoj, rrafshoj
Примери:
Го помазни чаршафот на масата од сите страни да го исправи оти не беше пеглан.
порамнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи рамен, зарамни, израмни.
Примери:
Таа го порамни чаршафот на масата.