snow - онтологија

вее повеќе

веат
Вид збор: Глагол, несвршен
Паѓа снег со крупни снегулки.
Албански: bie borë
Примери:
Гледај, повторно вее снег.

заснежи повеќе

Види и: снежи (несв.)
заснежат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да снежи, да врне снег.
Албански: fillon të bie borë
Примери:
Надвор заснежи.
(се заснежи) Се покрие со снег.
Албански: mbuloj me borë
Примери:
Целата долина се заснежи.

оснежи повеќе

оснежило
Вид збор: Глагол, свршен
Падне малку снег.
Употреба: Безлично

повее повеќе

повеат
Вид збор: Глагол, свршен
Вее малку, кратко време (ветар, снег со ветар).
Албански: frynë era
Примери:
Повеа малку снег и престана.

подзаснежи повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
Заснежи малку, во извесна мера.
Употреба: Безлично
Примери:
Утрово подзаснежило.

снег повеќе

мн. снегови
Вид збор: Именка, машки род
Врнеж од мали бели кристали; маса од такви кристали што покрива некое пространство.
Албански: borë
Примери:
Врне снег.

снежен повеќе

снежни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на снег; направен од снег.
Албански: i bërë prej bore
Примери:
снежна топка
Покриен со снег.
Албански: i mbulur me borë
Примери:
Снежните височини на планината.
Што е придружен со снег.
Албански: bore
Примери:
снежна бура
За време - со снег.
Албански: me borë
Примери:
снежна зима
својствен на снег
Албански: si bora
Примери:
снежна белина

снежец повеќе

Види и: снег (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
снег

снежи повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3 л.) Врне снег.

снежовица повеќе

Види и: снег (м.)
Вид збор: Именка, женски род
снег
Употреба: Народна поезија
Примери:
Грутка снежовица.