а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

паѓа

паѓаат; паѓал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 476
1. падне
Англиски: fall Српски: пасти Албански: bie Бугарски: падам
Примери:
Тој празник паѓа во сабота.
2. Е во роднински врски.
Англиски: relate Албански: bie
Примери:
Мајка му ми паѓа мене стрина.
3. отпаѓа
Англиски: fall Албански: bie, takon
Примери:
Планот паѓа во вода.
4. опаѓа
Англиски: decrease Албански: bie
Примери:
Нивото на реката паѓа постепено.
5. Паѓа во дел, припаѓа.
Англиски: belong Албански: takon
Примери:
Тој дел од нивата ми паѓа мене.
6. добива, припаднува
Албански: i bie, i takon
Примери:
Му паѓа во скут.
Изрази
Мачка не паѓа на грб - не ја признава вината, грешката.
Круша под круша паѓа - какви родители, такви деца.
Паѓа од грешка во грешка - не се учи од грешките, непоправлив.