Вид збор: Глагол, свршен
Истопи сè, сите.
Примери:
Ги доистопив диплите што се за перење.
Истопи нешто натопено сосема, до крај.
Примери:
Ги доистопи алиштата минејќи преку реката.
(се доистопи) Се истопи сосема.
Примери:
Се доистопи играјќи си со цревото.
Вид збор: Глагол, свршен
Натопи, наводени нешто, стави во вода да кисне.
Примери:
Ги закиснав алишта во млака вода.
затопат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто во вода, во нешто течно.
Примери:
Ги затопи алиштата.
изводенат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде мокро, со вода, водени.
Примери:
Децата ги изводенија чевлите на чешмата.
измократ
Вид збор: Глагол, свршен
Намокри, направи нешто да биде мокро целосно, до крај.
Примери:
Децата ги измокрија ногавиците шлапкајќи по вирчињата.
Вид збор: Глагол, свршен
Накваси, намокри добро, целосно.
Примери:
Ги изнакваси алиштата.
изнакиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто или многу работи добро да се накиснат.
Примери:
Ги изнакисна алиштата.
Накисне многу, целосно.
Примери:
Војниците изнакиснаа на дождот.
(се изнакисне)
Примери:
Без чадори се изнакиснавме додека да дојдеме до дома.
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со киснење на облека, ткаенина во вода.
Стане сосема воден, мокар (од дожд).
Албански:
lagem, qullitem
истопат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде влажно, наводени.
Примери:
Шлапна во вирчето и ги истопи нозете.
(се истопи) се наводени
Примери:
Се истопи миејќи ги прозорците.
квасат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мокри, влажи, наквасува.
Примери:
Снегот му ги квасеше нозете.
(се кваси)
Примери:
Детето се кваси во вирчињата останати од дождот.
киснат
Вид збор: Глагол, несвршен
Натопува нешто во течност подолго време.
Примери:
Ги киснеше крпите во водата и му ги ставаше на челото.
Изложен е на дожд, снег; станува мокар.
Примери:
Во дворот на дождот киснеше масата за пинг-понг.
Се кисне, стои подолго време во вода.
Примери:
Сноповите врбови прачки се киснеа во јазот.
мократ
Вид збор: Глагол, несвршен
водени, наквасува
Примери:
Ги мокреше нозете во реката.
наврнат
Вид збор: Глагол, свршен
Накисне од врнеж, од дожд.
Примери:
Да не носев чадор, ќе наврнев.
Вид збор: Глагол, свршен
Стане мокар.
Примери:
Народот не може да размислува за јадење колачиња, кога нема млеко за да ги накваси.
накиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави потопи нешто (облека и др.) во вода да стои некое време; прими вода, влага.
Примери:
Ја накисна јамболлијата.
намекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане нешто меко.
Примери:
Го намекна сувиот леб со вода за да може да го издроби.
намократ
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане мокро.
Примери:
Шлапајќи по дождот, си ги намокривме чевлите и чорапите.
напојат
Вид збор: Глагол, свршен
За земја, почва - прими вода, влага.
Примери:
Селаните очекуваа господ да ги напои сувите ниви.
(се напои) Се насити со влага.
Примери:
Земјата се напои, набрекна.
натопат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да прими вода, течност.
Примери:
Дождот убаво ги натопи зелените ливади.
Вид збор: Глагол, свршен
(се нацица) Прими големо количество течност.
Примери:
Сунѓерот се нацицал вода.
Вид збор: Глагол, несвршен
појат
Вид збор: Глагол, несвршен
Натопи, засити со вода, наводни.
Примери:
Снеговите ја појат земјата со вода.
Напои, вдахне со некое убаво чувство, со искуство или со знаење.
Примери:
Дедото ги поеше внуците со добрина.
Вид збор: Глагол, свршен
Кисне малку, некое време.
Накисне (на дожд или врнежи).
Примери:
Додека дошле, покиснале до кожа.
(се покисне) се наводени
Примери:
Тој целиот се покисна на дождот.
прокиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наводени од дожд, пропушти вода.
Примери:
Пресоблечи се, ти прокиснала облеката.
Вид збор: Глагол, свршен
Кисне нешто до размекнување.
Албански:
lagem, qullosem
Примери:
Раскисни ги опинците.
(се раскисне) се натопи, се размекне
Албански:
lagem, qullosem
Примери:
Се раскиснаа веќе килимите.
Вид збор: Глагол, несвршен
расчинија
Вид збор: Глагол, свршен
Растопи, раствори, направи водлесто.
Примери:
Расчини го квасецот.
Вид збор: Глагол, несвршен
топат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става нешто во течност; става на нешто течност.
Примери:
Топи коноп.