а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цица

цицаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5334
1. За дете - смука млеко од женска града.
Англиски: suckle Српски: сисати Албански: jap gji Бугарски: суча
Примери:
Детето плаче, сака да цица.
Цица мајчино млеко.
2. За некои животни, инсекти - вцицува некоја течност: вода, крв, сок со помошта на специјални органи.
Англиски: suck Албански: thith
Примери:
Болви и муви му ја цицаа крвта.
(разг.) Му ја цица крвта.
3. За корењето на растенијата - впива сокови од земјата.
Англиски: suck Албански: thith
Примери:
Од пазувите на земјата цицаат хранителни сокови.
4. Земе нешто в уста и го смука како цицка.
Англиски: suck Албански: thith
Примери:
Детето ги цица прстите.
Жедно го цицаше лутиот тутун.
5. Нечесно користи туѓ труд.
Англиски: exploit Албански: shfrytëzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Разни аги и бегови го цицаа народот.
Изрази
(посл.) Кротко јагне од две мајки цица.
Цица како смок.