speak - онтологија

беседи повеќе

беседат
Вид збор: Глагол, несвршен
Држи беседа, држи говор.
Албански: mba fjalim
Примери:
Таму ги учел како да беседат.

владее повеќе

владеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува јазик, знае (правопис, речник).
Албански: zotëroj, flas
Примери:
Секој наш студент владее барем еден странски јазик.

говори повеќе

говорат
Вид збор: Глагол, несвршен
Држи говор, држи беседа.
Албански: flas
Примери:
Претседателот говореше за актуелните проблеми во државата.

зборува повеќе

зборуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Држи говор, беседа.
Албански: mban fjalim
Примери:
На свеченото отворање ќе зборува Претседателот.

лафи повеќе

лафат
Вид збор: Глагол, несвршен
зборува
Албански: flet, llafos
Употреба: Разговорно
Примери:
Не го разбирам што лафи.

подума повеќе

подумаат
Вид збор: Глагол, свршен
Зборува малку, кратко време.
Употреба: Дијалектен збор

позборува повеќе

Види и: зборува (несв.)
позборуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Зборува малку, кратко време.
Албански: flas
Примери:
Тој позборува за некои историски настани.

попроговори повеќе

Види и: проговори (св.)
попроговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да кажува по нешто, проговори по малку.
Примери:
Вечерта тој му попроговори за работата, но не му кажа сѐ.

прозборува повеќе

мн. прозборуваат
Вид збор: Глагол, свршен
За дете - почне да зборува.
Албански: filloi të flas
Примери:
Девојчето многу рано прозборува.

разбира повеќе

Види и: разбере (св.)
разбираат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за јазик) знае, владее
Албански: flet
Примери:
Тој разбира турски.

реди повеќе

редат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изговара, изредува едно по друго.
Албански: shqiptoj
Примери:
Фати да ги реди маките свои.

спикира повеќе

спикираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Работи како спикер.