Вид збор: Глагол, свршен
Прецизира повторно или до крај.
Примери:
Министерот ги допрецизира податоците.
конкретизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Уточни, уточнува нешто; направи, прави нешто да стане конкретно.
Примери:
Да ги конкретизираме постапките.
(се конкретизира) се уточнува
Примери:
Граматичкиот материјал да се конкретизира.
набројат
Вид збор: Глагол, свршен
Наведе, посочи примери, податоци и сл.
Примери:
Како потреба на искажните тврдења наброја неколку примери.
подведат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе нешто во врска со поширок круг од соодветни појави, сведе под ист поим.
Примери:
Сите тие историски податоци тој ги подведе под ист наслов.
Вид збор: Глагол, свршен
Уточни малку повеќе.
Примери:
Сега поуточни ја формулацијата.
прецизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Точно и јасно определи, определува, каже, кажува.
Примери:
Да се прецизира што е приоритет.
приведат
Вид збор: Глагол, свршен
Наброи, цитира, приклучи кон нешто.
Албански:
sjell, bashkangjes
Примери:
Кон овие примери ќе приведе уште неколку.
специфицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува спецификација на нешто, класифицира; состави, составува спецификација.
Примери:
Специфицира стоки, материјали.
танчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Навлегува во детали, ситници.
Примери:
Ти многу ја танчиш.
уточнат
Вид збор: Глагол, свршен
Точно одреди, јасно одреди (формулира).