а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наведе

наведат; наведам, наведи, наведете; наведов, наведоа; навел; наведев, наведеа; наведел; наведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2071
1. Свие надолу.
Англиски: bow Албански: lakoj, kërrus
Примери:
Гранките се наведоа, ќе се искршат.
Житја со наведени класје.
2. Спушти надолу, сведне (глава, очи).
Англиски: lower Албански: ulë
Примери:
Ја наведе главата.
Наведе чело.
Го наведе погледот.
3. (се наведе) Се свие надолу.
Англиски: bow Албански: përulë
Примери:
Се наведе и му бакна рака.
4. Буквално пренесе нешто што е кажано или напишано.
Англиски: cite Албански: citoj, përmend
Примери:
Песната ја наведе во целост.
Насловот е погрешно наведен.
За поткрепа на своето мислење наведе едно место од Библијата.
5. наброи, соопшти
Англиски: quote Албански: citoj, përmend
Примери:
Наведе повеќе примери.
Наведе неколку причини.
Наведе убедливи факти.
6. наговори, натера
Англиски: persuade Албански: detyroj, çoj
Примери:
Одвај го наведе да признае.
Тоа го наведе добро да размисли.
Изведенки
1. наведува несв.
(се) наведуваат
2. наведување ср.
глаг. им.