а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

приведе

приведат; приведи, приведете; приведов; приведоа; привел; (ќе) приведев, (ќе) приведеа; (ќе) приведел; приведен; приведени
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11221
1. Во законска постапка доведе некого на сослушување пред истражен судија.
Англиски: temporary arrest Албански: arrestoj, paraburgoj
Употреба: Правда
Примери:
Полицијата го приведе и бившиот министер за внатрешни работи.
Полицајците приведоа двајца на сослушување.
2. Наброи, цитира, приклучи кон нешто.
Англиски: specify Албански: sjell, bashkangjes
Примери:
Кон овие примери ќе приведе уште неколку.
Адвокатот приведе нови докази.
Тој приведе основни податоци за весникот.
Изведенки
1. приведува несв.
приведуваат
2. приведување ср.
глаг. им.