spit - онтологија

блуе повеќе

блујат
Вид збор: Глагол, несвршен
Повраќа, ја исфрла храната назад од желудникот.
Албански: vjellë Бугарски: бълвам
Употреба: Медицина , Разговорно
Примери:
Таа цела ноќ блуеше.
Исфрла од себе нешто нагло и во големо количество (за вулкан, оружје).
Албански: hedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Фабричките оџаци блуеја чад.

заплука повеќе

Види и: плука (несв.)
заплукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плука.
Примери:
Децата заплукаа по патот.

изблуе повеќе

изблујат
Вид збор: Глагол, свршен
поврати, исплука
Албански: vjellë, pështyj
Употреба: Медицина
Примери:
Луѓето изблуја сѐ што изедоа на ручекот.

исплука повеќе

Види и: плука (несв.)
исплукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со плукање исфрли нешто од устата.
Албански: pështyj
Примери:
Ја исплука семката далеку од себе.
Наплука некого или нешто на повеќе места, покрие со плуканица.
Албански: pështyj
Примери:
Го исплука догорчето неколку пати и го фрли.
Со плукање понижи некого.
Албански: pështyj, poshtërsoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Крадецот сите го исплукаа.

испоплука повеќе

Види и: исплука (св.)
испоплукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исплука во голема мера.
Примери:
Испоплука диво и злобно.

наплуе повеќе

наплујат
Вид збор: Глагол, свршен
За мува - снесе јајца, наплувки на нешто.
Примери:
Мувите веќе ја наплуле мршата.

наплука повеќе

наплукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Плукне на некого, на нешто.
Албански: pështy
Примери:
За малку ќе го наплукаше.
(се наплука) Плукне врз себе.
Албански: pështyhem
Примери:
Внимавај, да не се наплукаш.

плука повеќе

плукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Исфрла плунка, крв и сл.
Српски: пљувати Албански: pështyj Бугарски: плюя
Примери:
Плука по собата.
Исфрла нешто каснато.
Албански: pështyn
Примери:
Кога јадеш цреши, плукај ги коските.
(се плука, само во мн.) Се плукаат заемно.
Албански: pështyn
Примери:
Се плукаат еден со друг.

плукне повеќе

Види и: плука (несв.)
плукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Исфрли од уста плунка или нешто друго.
Примери:
Му плукнал в лице.

поплука повеќе

поплукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Плука малку, некое време.
Албански: pështyj pak
Примери:
Тој сакаше да поплука, ама плунка не му излезе од уста.
Навреди, понижи некого.
Албански: pështyj, nënçmoj
Примери:
Сите го поплукаа арамијата.

приплука повеќе

приплукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш почне да плука; плукне неколку пати.
Примери:
Имаше обичај во лутина да приплука.

проплука повеќе

проплукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плука (обично крв).
Употреба: Медицина
Примери:
Болниот проплука крв.

расплука повеќе

Види и: плука (несв.)
(се) расплукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу да плука.

расплукува повеќе

Види и: расплука (св.)
(се) расплукуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расплука