sprout - онтологија

зарти повеќе

Види и: рти (несв.)
зартат
Вид збор: Глагол, свршен
(за'рти) Почне да рти.
Албански: mbin
Употреба: Ботаника
Примери:
Житото зарти.

изрти повеќе

изртат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави од земјата, никне, 'рти сѐ што било за 'ртење.
Албански: mbin
Употреба: Ботаника
Примери:
Семето изртило.

на'рти повеќе

на'ртат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти повеќе 'ртулци, 'рти во големо количество.
Албански: bijnë, çel filiz
Употреба: Ботаника
Примери:
Компирите веќе на'ртиле.

никулец повеќе

мн. никулци
Вид збор: Именка, машки род
Стебленце на растение во самиот почеток на појавувањето од семето или од коренот.
Албански: njomëz, zanafillë
Употреба: Ботаника

прорти повеќе

Види и: рти (несв.)
прортат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да 'рти, да никне.
Употреба: Ботаника
Примери:
Компирот про'ртел.

ркулец повеќе

Види и: ртулец (м.)
мн. ркулци
Вид збор: Именка, машки род
(’ркулец) 'ртулец
Албански: filiz, lastar
Употреба: Ботаника , Гастрономија

ртулец повеќе

мн. ртулци
Вид збор: Именка, машки род
Стебло на растение во самиот почеток на развивањето од коренот.
Албански: filiz, lastar
Употреба: Ботаника
Примери:
Нежните 'ртулци на пченицата.

ртулче повеќе

Види и: ртулец (м.)
мн. ртулчиња
Вид збор: Именка, среден род
ртулец
Албански: filiz, lastar
Употреба: Ботаника , Деминутив

цволка повеќе

мн. цволки
Вид збор: Именка, женски род
'ркулец
Албански: farë, bërthamë
Употреба: Ботаника , Дијалектен збор