Ботаника - категорија

ива повеќе

мн. иви
Вид збор: Именка, женски род
Вид врба со широки елипсовидни листови.
Латински: Salix сарrеа Англиски: willow Албански: shelg

игла повеќе

мн. игли
Вид збор: Именка, женски род
Тенки издолжени листови со многу остри врвови (најчесто од зимзелено дрво).
Англиски: needle Албански: gjilpërë
Примери:
иглите на борот

игличка повеќе

мн. иглички
Вид збор: Именка, женски род
Лист кај иглолисните растенија.
Англиски: leaf Албански: gjeth halor
Примери:
иглички од бор
јаглика
Англиски: primrose Албански: aguliçe

иглолисник повеќе

мн. иглолисници
Вид збор: Именка, машки род
Површина со иглолисни растенија; иглолисна шума.
Англиски: coniferous forest

иглолистен повеќе

иглолисни
Вид збор: Придавка
За зимзелено растение - што има лист во форма на игла.
Англиски: coniferous Албански: halorë
Примери:
иглолисно дрво, иглолисна шума

изданок повеќе

мн. изданоци
Вид збор: Именка, машки род
Фиданка, млада гранка што расте од пресечено место, или отпосле на коренот или стеблото.
Англиски: twig Албански: degë, filiz
Примери:
Коренови изданоци.

изрти повеќе

изртат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави од земјата, никне, 'рти сѐ што било за 'ртење.
Англиски: sprout Албански: mbin
Примери:
Семето изртило.

илинка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Еден вид кајсија што узрева околу Илинден.
Англиски: apricot Албански: lloj kajsie, ilinkë

имела повеќе

имелата
Вид збор: Именка, женски род
Полупаразит со жолтозелени цветови и бели плодови кај широколисните и иглолисните дрвја.
Латински: Viscum Англиски: mistletoe Албански: vishtull

индиго повеќе

мн. индига
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Тропско растение од кое се добива темносина боја.
Латински: Indigofera tinctoria Англиски: indigo Албански: indigo

ирис повеќе

мн. ириси
Вид збор: Именка, машки род
перуника
Англиски: iris Албански: shpatore, iris

искласи повеќе

Види и: класи (несв.)
искласат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти клас, создаде клас.
Албански: qes kalli
Примери:
Житото за кратко време искласи.
Оформи семе, за градинарски растенија.
Албански: çel, del
Примери:
Зелката искласила.

исфидани повеќе

исфиданат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти фидан / фиданка.
Примери:
Исфиданиле млади фиданки.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш