Ботаника - категорија

наваличе повеќе

мн. наваличиња
Вид збор: Именка, среден род
Вид шумско растение.
Латински: Aspidium filix Англиски: wood fern Албански: lloj bime malore

награни повеќе

награнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти гранки, разграни.
Англиски: branch out Албански: degëzoj
Примери:
Дрвјата награнија, се раззеленија.

накалеми повеќе

накалемат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши калемење.
Англиски: graft Албански: shartoj

налеп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Болест кај растенијата.
Албански: sëmundje e bimëve

нана повеќе

Види и: нане (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
нане
Англиски: mint

нане повеќе

(едн.) нането
Вид збор: Именка, среден род
Градинарско растение со мирисни ливчиња, кое се користи како зачин и како чај, мента.
Латински: Mentha piperita Англиски: mint Турски: nane Албански: nane, nenexhik
Примери:
Чај од нане.

напрсток повеќе

мн.напрстоци
Вид збор: Именка, машки род
Лековита билка со цветови слични на напрсток.
Латински: Digitalis Англиски: foxglove Албански: lloj lule, digitalis

нар повеќе

мн. нарови
Вид збор: Именка, машки род
калина
Латински: malum granatum Англиски: pomegranate Турски: nar Албански: shegë

нараза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Почеток на оболување кај растенијата.
Албански: gjeren, smundje te bimët
Примери:
Да ги напрскаме цвеќињата, им се јавила некаква нараза.
Нагниеност кај плодови и сл.
Албански: gjeren, kalbje e frutave
Примери:
Јаболката имаат нараза.

на'рти повеќе

на'ртат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти повеќе 'ртулци, 'рти во големо количество.
Англиски: sprout Албански: bijnë, çel filiz
Примери:
Компирите веќе на'ртиле.

нарцис повеќе

мн. нарциси
Вид збор: Именка, машки род
Растение со бели или жолти цветови со пријатен мирис.
Латински: Narcissus Англиски: Daffodil Албански: narcis

наут повеќе

(едн.) наутот
Вид збор: Именка, машки род
слануток
Латински: Ciсеr arietinum Англиски: chickpea Турски: nohut Албански: naut

невен повеќе

мн. невени
Вид збор: Именка, машки род
Вид цвеќе со жолто-портокалови цветови.
Латински: Calendula Англиски: pot marigold Албански: kumak

недоразвиен повеќе

недоразвиениот
Вид збор: Придавка
За цвет - што не е доволно расцветан.
Албански: jo e çelur

незабравка повеќе

мн. незабравки
Вид збор: Именка, женски род
Повеќегодишно цвеќе со сини цветови.
Латински: Myosotis sylvatica Англиски: forget-me-not

нектар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Сладок сок од цутот на растенијата.
Англиски: nectar Албански: nektar

нектарина повеќе

мн. нектарини
Вид збор: Именка, женски род
Вид на праска со мазна кора; праска голиштарка.
Латински: Prunus persica var. nucipersica Англиски: nectarine Албански: nektarinë, pjeshkë pa push
Примери:
Камиони со грчки праски и нектарини останаа блокирани на руските граници.

нерв повеќе

мн. нерви
Вид збор: Именка, машки род
Жилички на лист на растение.
Англиски: vein Албански: dell

никулец повеќе

мн. никулци
Вид збор: Именка, машки род
Стебленце на растение во самиот почеток на појавувањето од семето или од коренот.
Англиски: sprout Албански: njomëz, zanafillë

нискостеблест повеќе

нискостеблестиот
Вид збор: Придавка
Што има ниско, кусо стебло.
Албански: trungshkurtë
Примери:
нискостеблесто растение, нискостеблеста шума

новонасаден повеќе

новонасадени
Вид збор: Придавка
Што е ново насаден.
Англиски: newly planted
Примери:
новонасадени дрвја

ноктец повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид нискостеблесто растение, се користи како зачин.
Латински: Sertula campana Англиски: sweet clover Албански: tërfil i ëmbël
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш