мн. ведети
Вид збор: Именка, женски род
Позната, славна филмска или театарска актерка.
мн. ѕвезди
Вид збор: Именка, женски род
Светло небесно тело што испушта сопствена светлина.
Примери:
Сонцето е ѕвезда.
Секое небесно тело што ноќе се гледа како светла трепкава точка.
Примери:
ѕвезда Деница, ѕвезда Вечерница
Предмет или знак со форма на такво тело, симбол во форма на ѕвезда.
Примери:
Го сопре погледот врз ѕвезда петокрака.
Лице што има голема слава во светот на уметноста, естрадата, филмот, спортот и сл.
Примери:
филмска ѕвезда
мн. ѕвездички
Вид збор: Именка, женски род
ѕвезда
Примери:
Ѕвездичка со златен зрак.
Знак за обележување чин во војската.
Примери:
Генерал со три ѕвездички.
мн. старови
Вид збор: Именка, машки род
Во кинематографијата - популарен артист.