ѕвездичка

мн. ѕвездички
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10938
1. ѕвезда
Англиски: star Албански: yll
Употреба: Деминутив , Хипокористика
Примери:
Ѕвездичка со златен зрак.
Темното небо го красат сјајни ѕвездички.
Фустан од темно кадифе и ѕвездички што светкаат.
2. Знак за обележување чин во војската.
Англиски: star Албански: yll
Примери:
Генерал со три ѕвездички.
3. Графички знак во печатарската техника што упатува на некаква забелешка под текстот или служи за разделување на некаква целина (поглавје, строфа).
Англиски: asterisk Албански: yll
Употреба: Граматика