straighten - онтологија

вглоби повеќе

вглобат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави во зглоб.
Примери:
Невидливите 'рбети им се вглобиле во крцкави пршлени.

доисправи повеќе

Види и: исправи (св.)
доисправат
Вид збор: Глагол, свршен
Исправи нешто или некого сосема.
Албански: drejtpj
Примери:
Крсто го доисправи клинот со чекан.
(се доисправи) Се исправи сосема.
Албански: drejtohem krejtësisht
Примери:
Се доисправи да си го види синот.

замазни повеќе

Види и: мазни (несв.)
замазнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се замазни) За надворешен изглед - се дотера, се доведе во определен ред.
Албански: rregullohem
Примери:
Тој се замазни набрзина и отиде на состанок.

израмни повеќе

израмнат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе, натокми едно нешто со друго нешто во иста висина.
Албански: drejton
Примери:
Соседот ја израмни живата ограда со столбовите на надворешната врата и ја одржуваше постојано на таа висина.
Доведе на иста линија две или повеќе (мноштво) нешта.
Албански: drejton
Примери:
Тркачите ги израмнија коњите на стартот и го чекаа сигналот.
(се израмни) Се доведе едно нешто со друго нешто, се натокми во иста рамнина (во ред).
Албански: barazoj
Примери:
Јас се израмнив со првите во поворката и го држев потоа нивниот чекор.

исправи повеќе

исправат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде право.
Албански: drejtoj
Примери:
Исправи ја жицата.
Намести нешто да стои право.
Албански: drejtoj
Примери:
Исправи ја главата.
(се исправи) Застане право.
Албански: drejtoj
Примери:
Се исправи да види што се случува.

подисправи повеќе

Види и: исправи (св.)
подисправат
Вид збор: Глагол, свршен
Исправи малку, донекаде, да стои, да биде право.
Албански: drejtoj pak
Примери:
Ја подисправи главата и го погледна во лице.
Исправи донекаде нешто што било криво.
Албански: drejtoj, ndreq
Примери:
Мајсторот го подисправи тркалото толку колку што можеше.
(се подисправи) Се исправи малку, донекаде.
Албански: drejtoj
Примери:
Јавачот се подисправи во седлото и така со крената глава дојава до портата.

подрамни повеќе

Види и: рамни (несв.)
подрамнат
Вид збор: Глагол, свршен
Рамни нешто сосема или делумно, донекаде.
Албански: rrafshoj pak
Примери:
Подрамни ја добро леата пред да го садиш расадот.
(се подрамни) Се израмни во некој ред, во некаква линија и сл.
Албански: rrafshohet
Примери:
Учениците се подрамнија во права линија.

поисправи повеќе

Види и: исправи (св.)
поисправат
Вид збор: Глагол, свршен
Исправи малку, донекаде или уште малку.
Албански: drejtoj
(се поисправи) Се исправи малку, донекаде.
Албански: drejtohem