а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дотера

дотераат; дотерал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3782
1. За животно - доведе со терање да стигне на некое место.
Англиски: drive Албански: lëviz
Примери:
Ги дотера говедата во шталата.
2. За човек - принуди некого со терање да дојде, да стигне на некое место.
Англиски: drive Албански: lëviz
Примери:
Ги дотераа селаните на сретсело.
3. Донесе некого или нешто со товарно животно или со превозно средство.
Англиски: transport Албански: mbart
Примери:
Дотерав два товара дрва.
4. Доведе нешто во ред за да врши определена функција.
Англиски: repair Албански: riparoj
Примери:
Го дотера часовникот.
5. Доведе во определена состојба, поправи нешто според определени барања и потреби.
Англиски: adjust Албански: rregulloj
Примери:
Дотерај го текстот на соопштението.
6. Среди некого или нешто за да изгледа поубаво, украси.
Англиски: decorate Албански: zbukuroj
Примери:
Ја дотерал брадата.
Го дотеравме младоженецот.
7. Стигне до некаква положба или степен на рангирање.
Англиски: advance Албански: përparoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Маката нè дотера до ваму.
Дотера до генерал.
8. Открие, расветли нешто.
Англиски: discover Албански: zbuloj
Примери:
Сака да ја дотера до крај работата.
9. Научи да постапува правилно.
Англиски: educate Албански: edukim
Примери:
Ќе ги дотерам јас на ред.
10. Помине извесен временски период.
Англиски: pass Албански: kaloj
Примери:
Така ќе дотера до зимата.
11. (се дотера) се уреди, се украси
Англиски: adorn Албански: stolis
Примери:
Таа се дотера пред огледалото.
Изрази
Ми (ти, му...) го дотера умот (паметот) - го вразуми, го направи послушен.
Дотера до питачки стап - материјално пропадне, осиромаши.
Изведенки
1. дотерува несв.
(се) дотеруваат
2. дотерување ср.
мн. дотерувања
Пример: Беше позната по екстравагантните дотерувања.
3. дотерувач м.
мн. дотерувачи