запнат
Вид збор: Глагол, свршен
Затегне, доведе нешто во состојба на затегнатост.
Примери:
Тој го запна орозот на пушката и фати позиција.
искапат
Вид збор: Глагол, свршен
За очи - премногу напрегне, измори до солзи.
Примери:
Очите ми искапаа.
мачат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мачи) Се труди, се обидува со мака.
Примери:
Се мачеше за да заспие.
напнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи силен телесен напор, запне со cите сили.
Примери:
Напна со сета сила да ја помести колата.
напрегне, сосредоточи
Примери:
Слушаше со напнато внимание.
(се напне) Се напрегне, направи силен напор.
Примери:
Детето се напна со сета сила и му се истргна од рацете.
(се) напнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
мн. напони
Вид збор: Именка, машки род
Подем, полет на физичката и умствената сила.
Примери:
Сега е во напонот на силите.
напрегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе во состојба на голем физички или умствен напор.
Примери:
Ги напрегна и последните сили да се извлече.
опнат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно напрегне, запне да направи нешто.
Примери:
Токму поради стравот што пред малку му ги стегна градите, сега уште посилно опна, па побрза да се врзе со појасот.
(се опне) Се напрегне, запне да направи нешто.
Примери:
Се опна да ја дигне вреќата сам.
подзапнат
Вид збор: Глагол, свршен
Запне малку, донекаде.
Примери:
Работата малку подзапна.
Се напрегне малку, вложи напор, донекаде.
Примери:
Таа подзапна на крајот и го положи испитот.
Вид збор: Глагол, свршен
За очи - се измори од напрегање.
Примери:
Очите му покапаа по девојката.
(се) чепатат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се чепати) се напрега, се напиња