запне
запнат; запни, запнете; запнав, запнаа; запнал; запнат; запнев, запнеа; запнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5967
1.
Запре, наиде на пречка при движење.
Примери:
Ралото запна на една жила од коренот на оревот.
Слично со:
запре (св.)
2.
Закачи дел од облеката за нешто при движење.
Примери:
Тој ги запнал панталоните на една грмушка и ги скинал.
Слично со:
закачи (св.)
3.
Затегне, доведе нешто во состојба на затегнатост.
Примери:
Тој го запна орозот на пушката и фати позиција.
Старецот го запна јажето на самарот.
Слично со:
затегне (св.)
4.
Стави, закачи нешто на друго нешто.
Примери:
Тој го запна ножот за појасот.
Слично со:
закачи (св.)
5.
За говор - се заплетка, се збрка.
Примери:
Тој запна и не си го доврши зборот.
Слично со:
заплетка (св.)
6.
Почне упорно да настојува, да бара, да прави нешто.
Примери:
Таа запнала да оди во странство.
Тој запна да се жени.
Тие запнале да создадат своја партија.
Слично со:
настојува (несв.)
7.
(се запне) се закачи
Примери:
Ралото се запна на еден камен.
Шамијата ѝ се запна на гранките од јаболкницата.
8.
(се запне) Оствари намера по секоја цена.
Примери:
Тие се запнале да одат на село.
Слично со:
инсистира (св. и несв.)
Изрази
Ми (ти, му...) запна за окото - ми се допаѓа некој или нешто.
Изведенки
1.
запнува несв.
(се) запнуваат
(се) запнуваат
2.
запнување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
запина несв.
(се) запинаат
(се) запинаат
4.
запинање ср.
глаг. им.
глаг. им.