а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затегне

затегнат; затегни, затегнете; затегнав, затегнаа; затегнал; затегнат; (ќе) затегнев, (ќе) затегнеа; (ќе) затегнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14251
1. Направи да стане нешто напнато, оптегнато.
Англиски: tighten Албански: shtrëngojë
Примери:
Малку ги затегна дизгините на коњот и тој застана.
Не забораваше да ги затегне жиците на своето тамбурче.
2. За работа, дејство - одолжи, развлече.
Англиски: stretch Албански: zgjas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Затегна со долгиот вовед.
Сѐ одеше добро додека тој не ја затегна работата.
3. (се затегне) Стане нешто напнато, оптегнато.
Англиски: tighten Албански: shtrëngojë, tensionoj
Примери:
Му се затегнаа густите веѓи.
4. (се затегне) За работа, дејство - се одолжи, се развлече.
Англиски: stretch Албански: zgjas, zvarrit
Примери:
Префрлувањето на имотот се затегна на половина година.
Изрази
Му го затегна јажето околу вратот - го доведе во безизлезна ситуација.
Изведенки
1. затегнува несв.
(се) затегнуваат
2. затегнување ср.
глаг. им.