излагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
изложат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави во неповолна положба.
Примери:
Вие ги изложивте и луѓето и коњите на студ и мраз.
(се изложи) Се стави во неповолна положба.
Примери:
Ние непотребно се изложивме на непријателски оган.
клекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Cе потчини, се покори некому.
Примери:
Беше подготвена да клекне пред чуварот и да измоли за неговата чест.
коленичат
Вид збор: Глагол, несвршен
Покажува покорност, понизност пред некого.
Примери:
Господари со целиот свет, а коленичи пред жената.
подадат
Вид збор: Глагол, свршен
Поднесе, предаде документ (пријава, молба) до надлежен орган.
Примери:
Подаде барање за социјална помош.
поднесат
Вид збор: Глагол, свршен
Предаде поднесок, писмено обраќање (молба, жалба, пријава) до надлежен орган заради решавање на некое барање.
Примери:
Директорот поднесе оставка.
покорат
Вид збор: Глагол, свршен
(се покори) Се потчини некому.
Примери:
Народот се покори на новата власт.
помират
Вид збор: Глагол, свршен
(се помири) Свикне на нешто, се покори, прифати.
Примери:
Се помири со судбината.
преклонат
Вид збор: Глагол, свршен
(се преклони) се покори
Примери:
Таа не сакаше да му се преклони.