подаде
подадат; подај, подајте; подадов, подадоа; подал; подадев, подадеа; подадел; подаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 754
1.
Даде од рака в рака некому нешто.
Примери:
Подај ми го чадорот.
Да ви ја подадам стомната, вода да не ви притреба.
2.
Послужи со нешто.
Англиски:
serve
Албански:
servon, shërben
Откако го подаде кафето, домаќинката седна со гостите.
Слично со:
послужи (св.)
3.
Во фудбалот - со удар или на друг начин префрли топка до свој соиграч.
Примери:
Тој е мојот омилен играч затоа што знае да подаде топка.
Слично со:
префрли (св.)
4.
Покаже, издаде надвор или испружи напред дел од телото.
Англиски:
stretch
Албански:
zgjas, shtri
Ја подаде главата од прозорецот.
Докторот му рече да го подаде јазикот.
Ја подаде раката да се фати за оградата.
Еленчето ја подаде муцката кон децата.
Слично со:
испружи (св.)
5.
Поднесе, предаде документ (пријава, молба) до надлежен орган.
Примери:
Подаде барање за социјална помош.
Слично со:
поднесе (св.)
6.
(се подаде) се испружи
Примери:
Низ прозорецот се подаде русокосо момче.
Најголемото од децата се подаде напред.
7.
(се подаде) Стапи во сексуален однос (за женско лице).
Англиски:
give in
Албански:
u dha, u dorëzua
Изрази
Подаде рака - спружи рака за поздрав.
Подаде рака - помогне, даде помош некому.
Подаде рака - честита некому со ракување.
Подаде рака - спружи рака за просење.
Изведенки
1.
подава несв.
(се) подаваат
(се) подаваат
2.
подавање ср.
глаг. им.
глаг. им.