suddenly - онтологија

апансаз повеќе

Вид збор: Прилог
ненадејно, одненадеж, неочекувано
Турски: apansız
Употреба: Разговорно
Примери:
Апансаз се појави, од никаде.

внедоапица повеќе

Вид збор: Прилог
неочекувано, ненадејно, одеднаш
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Додека си работел така, внедоапица му дошле тројца Турци и му побарале да им направи топеница, попара со маст.

заеднаш повеќе

Вид збор: Прилог
наеднаш
Употреба: Дијалектен збор

нагло повеќе

Вид збор: Прилог
наеднаш, во еден момент
Примери:
Нагло стана.

наеднаш повеќе

Вид збор: Прилог
Веднаш, брзо, ненадејно.
Примери:
Наеднаш заспа длабоко.

невиделица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
(во изразот: од невиделица) ненадејно, неочекувано
Албански: papritmas, befas

ненадејно повеќе

Вид збор: Прилог
Што се случува одеднаш, неочекувано, без навестување.
Албански: befas
Примери:
Вратата се отвори ненадејно.

одведнаш повеќе

Вид збор: Прилог
одеднаш, одеднашка
Употреба: Дијалектен збор

одветрум повеќе

Вид збор: Прилог
одеднаш, неочекувано
Употреба: Разговорно
Примери:
Одветрум му дошла болеста.

одеднаш повеќе

Вид збор: Прилог
Што се прави без најава, неочекувано, со еден потег.
Примери:
Тој одеднаш почна да плаче.

однедопица повеќе

Вид збор: Прилог
без најава, ненадејно, неочекувано
Примери:
Однедопица престана песната на штурците.

одненадеж повеќе

Вид збор: Прилог
Без претходна најава, неочекувано.
Примери:
Детето и пријде на бабата и одненадеж ја бакна.

оп повеќе

Вид збор: Извик
Во прилошка употреба - одеднаш.
Примери:
Чекавме и оп, ќе се појави разбушавен.

светрум повеќе

Вид збор: Прилог
Обично за болест, болки: како ветрот, брзо, наеднаш.
Примери:
Му мина светрум болештината.