Вид збор: Прилог
ненадејно, одненадеж, неочекувано
Примери:
Апансаз се појави, од никаде.
Вид збор: Прилог
неочекувано, ненадејно, одеднаш
Примери:
Додека си работел така, внедоапица му дошле тројца Турци и му побарале да им направи топеница, попара со маст.
Вид збор: Прилог
Што се случува одеднаш, неочекувано, без навестување.
Примери:
Вратата се отвори ненадејно.
Вид збор: Прилог
одеднаш, неочекувано
Примери:
Одветрум му дошла болеста.
Вид збор: Прилог
Што се прави без најава, неочекувано, со еден потег.
Примери:
Тој одеднаш почна да плаче.
Вид збор: Прилог
без најава, ненадејно, неочекувано
Примери:
Однедопица престана песната на штурците.
Вид збор: Прилог
Без претходна најава, неочекувано.
Примери:
Детето и пријде на бабата и одненадеж ја бакна.
Вид збор: Прилог
Обично за болест, болки: како ветрот, брзо, наеднаш.
Примери:
Му мина светрум болештината.