sweet - онтологија

благ повеќе

благи
Вид збор: Придавка
Што е со сладок вкус.
Албански: i ëmbël
Употреба: Гастрономија
Примери:
благ чај

благо повеќе

мн. блага
Вид збор: Именка, среден род
(едн.) Слатко, густо сварено овошје со многу шеќер.
Албански: ëmbël
Употреба: Гастрономија , Разговорно
Примери:
За добредојде едно благо.

меден повеќе

медениот
Вид збор: Придавка
Полн со сладост, мил, драг.
Албански: i ëmbël, i këndshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Медена уста.

пресладок повеќе

преслатки
Вид збор: Придавка
Претерано сладок.
Примери:
Чајот е пресладок.

сладок повеќе

слатки
Вид збор: Придавка
Што има вкус својствен на шеќер, мед; приготвен со шеќер.
Албански: i ëmbël
Употреба: Гастрономија
Примери:
слатки лубеници
умилен, нежен; убав, сакан
Албански: i ëmbël
Употреба: Преносно значење
Примери:
слатки зборови

слатко повеќе

Вид збор: Прилог
сладок
Примери:
Спиеше слатко.

слачен повеќе

слачни
Вид збор: Придавка
Што има слач, сладина, што е сластен.
Употреба: Гастрономија
Примери:
слачни јаболка

татли повеќе

Вид збор: Придавка
сладок, вкусен
Турски: tatlı
Употреба: Архаизам , Неменлив збор
Примери:
Татли бозааа! (извик при продавање боза) слатка бозааа!

татлија повеќе

мн. татлии
Вид збор: Именка, женски род
Вид ориентална слатка, од пченичен гриз, попарена со шербет.
Турски: tatlı Албански: tatli
Употреба: Гастрономија

шербетлија повеќе

Вид збор: Придавка
Слатки со шербет.
Турски: şerbetli
Употреба: Гастрономија , Неменлив збор , Разговорно
Силно засладен.

шеќерен повеќе

шеќерниот
Вид збор: Придавка
сладок
Примери:
шеќерна уста