Гастрономија - категорија

таан повеќе

Види и: тан (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
тан
Англиски: tahini Турски: tahin Албански: tahin, tahan

таан-алва повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид алва од таан.
Албански: tahan halvë

тава повеќе

мн. тави
Вид збор: Именка, женски род
Плиток метален сад за пржење.
Англиски: pan Турски: tava Албански: tigan, tavë
Земјен сад за печење.
Англиски: pot Турски: tava Албански: tavë
Примери:
Турли-тава (јадење).

таверна повеќе

мн. таверни
Вид збор: Именка, женски род
италијанска гостилница
Англиски: tavern

тавичка повеќе

Види и: тава (ж.)
мн. тавички
Вид збор: Именка, женски род
тава
Англиски: pan, pot

тавче повеќе

Види и: тава (ж.)
мн. тавчиња
Вид збор: Именка, среден род
тава
Англиски: pan, pot Албански: tigan, tavë
Примери:
Грав на тавче, гравче тавче.

таинџија повеќе

мн. таинџии
Вид збор: Именка, машки род
Оној што дава таан.
Турски: tahincı Албански: tahanxhi

талер повеќе

мн. талери
Вид збор: Именка, машки род
плитка чинија, обично дрвена
Англиски: plate Германски: Teller

тан повеќе

Види и: таан (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Млечна каша од мелен сусам.
Англиски: tahini Турски: tahin Албански: tahin, tahan

тарана повеќе

(едн.) тараната
Вид збор: Именка, женски род
Сушени зрна од тесто и јадење од тие зрна.
Турски: tarhana Албански: tarhanë
Примери:
чорба со тарана

тараненик повеќе

мн. тараненици
Вид збор: Именка, машки род
Вид јадење подготвено од тарана и кори.

таратор повеќе

Види и: таратур (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид чорбесто јадење од лук, кисело млеко и краставица.
Англиски: tsatsiki Турски: tarator Албански: tarator, caciki

таратур повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид чорбесто јадење од лук, кисело млеко и краставица.
Англиски: tsatsiki Турски: tarator Албански: tarator, caciki

тартар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Живо мелено говедско или коњско месо што се служи со кромид, капарис и жолчка од јајце.
Англиски: tartare Француски: tartare
Примери:
тартар бифтек

тарун повеќе

мн. таруни
Вид збор: Именка, машки род
Тркалезна штица за месење леб или за ручање.
Англиски: board Албански: tryezë
голема, плитка чинија
Англиски: plate Албански: pjatë

татлија повеќе

мн. татлии
Вид збор: Именка, женски род
Вид ориентална слатка, од пченичен гриз, попарена со шербет.
Англиски: sweet Турски: tatlı Албански: tatli

текила повеќе

мн. текили
Вид збор: Именка, женски род
мексикански алкохолен пијалак
Англиски: Tequila

телешки повеќе

Види и: теле (ср.)
телешкиот
Вид збор: Придавка
Од теле, што се однесува на теле.
Примери:
телешки бут

темјаника повеќе

(едн.) темјаниката
Вид збор: Именка, женски род
Вино добиено од лоза-темјаника.

тестен повеќе

тестени
Вид збор: Придавка
Што е од тесто.
Албански: brumi
Примери:
Тестени производи.

тестенина повеќе

мн. тестенини
Вид збор: Именка, женски род
Прехранбен производ од тесто во сушена форма.
Англиски: pasta Албански: gatime brumi
јадење од ваков производ
Англиски: pasta Албански: gatime brumi

тесто повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Со вода замесено брашно.
Англиски: dough Албански: brumë
Примери:
Нараснато (збувнато) тесто.
Јадења од тесто, тестенини и сл.
Англиски: pasta Албански: gatime brumi

тиган повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Метална тава за пржење.
Англиски: pan Албански: tavë, tigan

тиганица повеќе

мн. тиганици
Вид збор: Именка, женски род
вид питулица
Англиски: doughnut Албански: petull

тикварник повеќе

мн. тикварници
Вид збор: Именка, машки род
Вид на јадење од тиква со млеко и јајца.
Англиски: pumpkin pie Албански: petë me kungull

тиквеник повеќе

мн. тиквеници
Вид збор: Именка, машки род
Пита, баница со тиква.
Албански: pite me kungull

тиквичка повеќе

мн. тиквички
Вид збор: Именка, женски род
Мала тиква во облик на краставица која се користи во медитеранската и балканската кујна.
Англиски: zucchini Албански: kungull i njomë, cuçini
Примери:
Полнети тиквички.

тирамису повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид италијански десерт.
Англиски: tiramisu

тоник повеќе

мн. тоници
Вид збор: Именка, машки род
Газиран безалкохолен пијалак.
Англиски: tonic
Примери:
Деновиве, тоа е слаб џин-тоник пред вечера.

топеница повеќе

мн. топеници
Вид збор: Именка, женски род
Издробен и пржен леб.
Албански: bukë e thërmuar dhe fërguar

торта повеќе

мн. торти
Вид збор: Именка, женски род
Голем тркалест колач во неколку слоеви.
Англиски: layer cake Албански: tortë
Примери:
чоколадена торта

тортелини повеќе

Вид збор: Именка, множина
Вид тестенини полнети со сирење, зеленчук и сл.
Англиски: tortellini

тортилја повеќе

мн. тортилји
Вид збор: Именка, женски род
Мали, тркалезни и тенки лепчиња од пченкарно или пченично брашно.
Англиски: tortilla

тост повеќе

мн. тостови
Вид збор: Именка, машки род
потпечено парче леб
Англиски: toast
Примери:
Пристоен појадок од вкусни пити со јогурт или тост со шунка и кашкавал.

тостер повеќе

мн. тостери
Вид збор: Именка, машки род
Електричен апарат за потпечување леб.
Англиски: toaster
Примери:
Сендвичот секогаш се подготвува во тостер.

тофу повеќе

(едн.) тофуто
Вид збор: Именка, среден род
Протеински прехранбен производ добиен од соја.
Англиски: tofu

траншира повеќе

траншираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Мајсторско сечење на печено месо.
Англиски: carve Француски: trancher

трезвеник повеќе

мн. трезвеници
Вид збор: Именка, машки род
Оној што не пие алкохолни пијачки.
Англиски: teetotaler

трици повеќе

Вид збор: Именка, множина
Ситни лушпи изделени од брашното.
Англиски: bran Албански: krunde

трички повеќе

Вид збор: Именка, множина
трици
Англиски: bran Албански: krunde

трпеза повеќе

мн. трпези
Вид збор: Именка, женски род
Маса за јадење, маса наместена со јадења.
Англиски: dining table Албански: tryezë
Примери:
Стави трпеза.
синија
Англиски: plate Албански: sini, demirtepsi

трпезариски повеќе

трпезариска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на трпезарија.
Англиски: dining Албански: kuzhine
Примери:
Трпезариски мебел.

трпезен повеќе

трпезна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на трпеза.
Англиски: table Албански: tryeze
Примери:
Трпезно вино.

трпезница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид голема маса за јадење, трпеза.
Англиски: dining table Албански: tryezë, sofër

тртник повеќе

мн. тртници
Вид збор: Именка, машки род
Најзадниот месест дел на телото од птица.
Англиски: coccyx Албански: copë mishi te shpezët
Примери:
Зготви тртник од кокошка.

тугале повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Топче од тесто или од некоја друга маса (локум).
Албански: llokume

тук повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Стопена маст, маст во јадење.
Англиски: lard Албански: sallo, dhjamë

тулумба повеќе

мн. тулумби
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Пржено тесто обликувано во цилиндер со надолжни риги и попарено со шербет.
Англиски: cruller Албански: tullumbë

тулумбар повеќе

мн. тулумбари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави и продава тулумби.
Турски: tulumbacı

туринка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
џимиринка
Англиски: greaves Албански: cinkaridhe

турлитава повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид печено јадење, тава со повеќе видови зеленчук и повеќе видови месо.
Англиски: mixed roast Турски: türlü tava Албански: turlitavë

турфанда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Рани плодови, ран зеленчук и овошје.
Англиски: early vegetables Турски: turfanda Албански: perime të hershme

туршија повеќе

мн. туршии
Вид збор: Именка, женски род
Зеленчук, пиперки, зелени домати, краставички, карфиол - конзервирани во киселина.
Англиски: pickle Турски: turşu Албански: turshi
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш