transfer - онтологија

преведе повеќе

преведат
Вид збор: Глагол, свршен
Префрли пари (од една сметка на друга) по пошта, во банка.
Албански: transferoj
Употреба: Економија
Примери:
Тој ги преведе парите по пошта.
Пренесе имот (куќа, нива) од едно лице на друго.
Албански: transferoj
Употреба: Правда
Примери:
Им ја преведоа куќата на младите веднаш по свадбата.

премин повеќе

мн. премини
Вид збор: Именка, машки род
преминување
Албански: kalim, transfer
Примери:
Премин во друг фудбалски клуб.

пренесе повеќе

пренесат
Вид збор: Глагол, свршен
Предаде право на сопственост.
Албански: bartë, transferoj
Употреба: Правда
Примери:
Го пренесоа целиот имот на децата.

пренос повеќе

мн. преноси
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) Пренесување на сопственост од еден носител врз друг.
Албански: transfer, mbartje
Употреба: Економија

препише повеќе

препишат
Вид збор: Глагол, свршен
Со писмена изјава префрли сопственост.
Албански: përshkruaj, transferoj
Употреба: Правда
Примери:
Во тестаментот имотот му го препиша на синот.

префрли повеќе

префрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Пренесе некому сопственост или права.
Албански: transferoj, hedh
Примери:
Ја префрлија куќата на мое име.
Стави пари на сметка.
Албански: transferoj
Примери:
Парите ти ги префрлив на сметката.

трансфер повеќе

мн. трансфери
Вид збор: Именка, машки род
транспорт, пренос
Албански: transferim
Употреба: Транспорт
Примери:
Трансфер со автобус од аеродром до хотелот.
премин, преминување
Албански: transfer, kalim
Употреба: Спорт
Примери:
Трансфер во друг фудбалски клуб.
Во банкарството - пренос на пари од една банка или од една земја во друга.
Албански: transfer, shpërngulje
Употреба: Економија
Примери:
трансфер на пари

трансферира повеќе

трансферираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши трансфер.
Примери:
Ќе го трансферираат правото на употреба на определено време.