а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

префрли

префрлат; префрлил; префрлен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1426
1. Фрли преку нешто.
Англиски: throw Албански: hedh
Примери:
Ја префрли топката во противничката половина.
2. Премести со слободно движење.
Англиски: shift Албански: hedh
Примери:
Го префрли палтото преку рамо.
3. Премести на друго место, смени место.
Англиски: move Албански: hedh, transferoj
Примери:
Ме префрлија на друго работно место.
4. Смени, премести во друго време.
Англиски: change Албански: ndërroj
Примери:
Состанокот е префрлен за навечер.
5. Пренесе некого или нешто од едно на друго место.
Англиски: transport Албански: transportoj, hedh
Примери:
Дедо ми го префрливме во болница.
6. Пренесе некому сопственост или права.
Англиски: transfer Албански: transferoj, hedh
Примери:
Ја префрлија куќата на мое име.
7. Стави пари на сметка.
Англиски: transfer Албански: transferoj
Примери:
Парите ти ги префрлив на сметката.
8. Пренесе одговорност.
Англиски: blame Албански: hedh, fajësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја префрлија вината на мене.
Бесмислената додавка му е префрлена на душа на тогашниот премиер.
9. Упати прекор, прекори, обвини.
Англиски: blame Албански: fajësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Стално ми префрла дека не ја купивме куќата.
10. Помине одредени години во живот.
Англиски: exceed Албански: kaloj
Употреба: Ретко
Примери:
Ја префрли педесетката.
11. Фрли повторно.
Англиски: re-throw Албански: rihedh, përsëris
Примери:
Слаб домет, префрли!
12. (се префрли) Премине преку нешто.
Албански: kaloj, kapërcej
Примери:
Се префрливме на другиот брег.
13. (се префрли) Се премести од едно место на друго.
Англиски: move Албански: shpërngul
Примери:
Се префрли во друг вагон.
Изведенки
1. префрлува несв.
(се) префрлуваат
2. префрлување ср.