гледаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внимава, се труди.
Примери:
Гледај какви ветувања даваш.
испробаат
Вид збор: Глагол, свршен
Обиде, проба повеќе нешта.
Примери:
Ги испроба сите видови колачи.
обидат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави на проба некого или нешто, испита, провери.
Примери:
Обиди го одоколу, сигурно ќе каже нешто.
(се обиде) Направи обид, проба, изврши подготовки за нешто.
Примери:
Ако успеале соседите, зошто и ние да не се обидеме?
опитаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се опита) се обиде
Примери:
Тој се опита да се соземе.
печалат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се печали) се труди, се обидува
Примери:
Секој ќе се печали да добие.
Вид збор: Глагол, свршен
опита
Примери:
Лекарот му го пипна пулсот.
повтат
Вид збор: Глагол, свршен
Се обиде нешто да направи.
Примери:
Повтел да избега.
Вид збор: Глагол, свршен
Се погрижи, се потруди околу нешто.
Примери:
Тој вети дека ќе поработи на случајот.
потокмат
Вид збор: Глагол, свршен
(се потокми) се токми, се подготви
Примери:
Скокна долу, се потокми да бега.
(се) потрудат
Вид збор: Глагол, свршен
Вложи труд, напор да се постигне нешто.
Примери:
Потруди се да стигнеш што побрзо!
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Испита, испитува квалитет или големина на нешто.
Примери:
Ги проба чевлите неколку пати, но не се реши да ги купи.
Се обиде, се обидува да успее во нешто, да постигне нешто во некоја работа, професија, учење итн.
Примери:
Пробал да вози трактор.
Вид збор: Глагол, несвршен
проба
Примери:
Скопје пробува да фати чекор со алтернативните решенија за покривите на комерцијалните и станбените објекти.
силат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се сили) Вложува напори за да направи нешто.
Примери:
Се силеше залудно да го сфати.
трудат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се труди) Се мачи, настојува, влага напори да постигне нешто.
Албански:
përpiqet, mundohet
Примери:
Тој се труди да го вовлече својот син во управата.