обиде
обидат; обидам, обиди, обидеме, обидете; обидов, обидоа; (ќе) обидев, (ќе) обидоа; (ќе) обидел; обиден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 448
1.
За јадење или за пијалак - вкуси, проба.
Примери:
Зедов да ја обидам ракијата.
Тој обиде од мезето.
Слично со:
вкуси (св.)
2.
Стави на проба некого или нешто, испита, провери.
Примери:
Обиди го одоколу, сигурно ќе каже нешто.
Слично со:
провери (св.)
3.
(се обиде) Направи обид, проба, изврши подготовки за нешто.
Примери:
Ако успеале соседите, зошто и ние да не се обидеме?
Се обидов да не мислам на тоа.
Обиди се да заспиеш.
Некој се обиде да ја отвори вратата.
4.
(се обиде) Се провери, се испроба во нешто.
Примери:
Ајде, дојди да се обидеме, да видиме кој е посилен.
Изведенки
1.
обидува несв.
(се) обидуваат
(се) обидуваат
2.
обидување ср.
мн. обидувања
глаг. им.
Пример: По неколку обидувања, се откажа од трката.
мн. обидувања
глаг. им.
Пример: По неколку обидувања, се откажа од трката.