а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гледа

гледаат; гледај
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 55
1. Насочува поглед кон некого или кон нешто.
Англиски: watch, see Српски: гледати Албански: shoh Бугарски: гледам
Примери:
Таа со раширени очи гледаше во девојката што лежеше.
А тоа, гледај чудо, имало многу поефикасен начин за спасување на земјата.
2. Доаѓа до сознание.
Англиски: understand Албански: kupton
Примери:
Сега гледам дека нè пратиле ваму да изгинеме.
3. Внимава, се труди.
Англиски: try Албански: mundohet
Примери:
Гледај какви ветувања даваш.
4. Настојува, води сметка за нешто.
Англиски: see
Примери:
Гледаа да не го навредат.
5. Се угледува на некого, зема пример од некого.
Англиски: look Албански: shikon
Примери:
Учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта.
6. разгледува, бира
Англиски: select Албански: zgjedh
Примери:
Пред некој ден гледавме мантили.
7. Се грижи за некого или нешто; чува, негува.
Англиски: care Албански: kujdeset
Примери:
Строг беше нејзиниот татко, строго ја гледаше во детството.
8. Насочен е кон нешто.
Англиски: point Албански: synon
Примери:
Станот гледаше на исток.
9. Зазема став за нешто.
Англиски: consider Албански: merr qëndrim
Примери:
Тој, уметноста ја гледал од поинаков аспект.
10. Гата, ја предвидува иднината.
Албански: parashikon
Примери:
Тетка му знаеше да гледа на гравче.
11. (се гледа) себеси
Англиски: see Албански: shoh
Примери:
Тој се гледа себеси некаде на некоја позиција.
12. (се гледа) заемно
Англиски: look Албански: sheh
Примери:
Двајцата конзули се гледаа очи во очи настојувајќи да бидат непринудени на разговор.
13. (се гледа) Се сретнува, се посетува со некого.
Англиски: meet Албански: takohet
Примери:
Често се гледавме в театар.
14. (се гледа) Може да се види.
Англиски: see Албански: shihet
Употреба: Безлично
Примери:
Се гледа дека внатре има луѓе.
Изрази
Гледа одвисоко - смета дека е повреден, поважен од некого.
Гледа сеир (разг.) - ужива во нечија неволја.
Гледа накриво - не одобрува нешто.
Си ја гледа работата - не се интересира за туѓите работи.
Гледа ииз прсти - попушта.
Гледа под очи - скришно погледнува.
Си го гледа ќефот (разг.) - ужива, не се оптоварува со ништо.
Го гледа како капка вода во дланка - многу се грижи за некого.
Изведенки
гледање ср.
глаг. им.