until - онтологија

до повеќе

Вид збор: Предлог
Досегање до некоја граница, вршење дејство до определено место.
Примери:
Дојдов до потокот и се вратив.
Граничен временски период до кој досега некое дејство.
Примери:
До пензионирањето останал директор.
Нагласена крајна фаза на некое дејство, резултат или последица од некое дејство.
Примери:
Се бореле до уништување.

додека повеќе

Вид збор: Сврзник
Во временски зависносложени реченици за поврзување истовремени дејства.
Примери:
Додека била млада, била убава.
Заедно со да и со не за ограничување на дејството.
Примери:
Додека не те викнат, немој да влегуваш.
Во спротивни зависносложени реченици за сопоставување.
Примери:
Поемата се состои од четири дела, од кои најголем е третиот дел, додека четвртиот опфаќа само седум стиха.

докај повеќе

Вид збор: Предлог
За означување на приближен временски период.
Примери:
Пазарот свршува докај ужина.

дури повеќе

Вид збор: Честичка
За засилување и за назначување дека се одвива нешто повеќе од очекуваното, во просторни и во временски граници.
Примери:
Дури до крајот на светот ќе те гонам.

дури повеќе

Вид збор: Сврзник
Со временско значење, за поврзување временски реченици.
Примери:
Дури е мома при мајка како росно цвеќе цвета.
Се јавува со да и со не за ограничување на дејството.
Примери:
Пази го млекото дури да се вратам.