unwrap - онтологија

доразвитка повеќе

Види и: развитка (св.)
доразвиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Развитка целосно, до крај.
Примери:
Се мачеше да го доразвитка подарокот.

одвие повеќе

одвијат
Вид збор: Глагол, свршен
Одвитка, развитка, отвори нешто завиено вадејќи му ја обвивката.
Албански: zgidhë
Примери:
Детето го одви подарокот.
Извади, одмота нешто претходно завиено (пелени, завој).
Албански: nxjerr
Примери:
Таа го одви детето и му стави нови пелени.
(се одвие) Се ослободи, отфрли нешто со што е завиен.
Албански: liroj
Примери:
Мрдајќи со нозете, бебето се одви од повојот.

одвитка повеќе

одвиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одмота, одвие, отвори нешто завиено, развитка.
Албански: zgidhë
Примери:
Го одвитка врзопот и од него извади парче леб и сирење.
одвие
Албански: zgidh
Примери:
Мајката го одвитка бебето и го остави да помрда со нозете.
(се одвитка) се одвие
Албански: zgjidh
Примери:
Бебето се одвитка, не било добро повиено.

поразвие повеќе

поразвијат
Вид збор: Глагол, свршен
Развитка малку нешто свиено, завиено; расповие малку, донекаде.
Албански: hap, shpalos
Примери:
Тој малку го поразви пакетот, колку да види што има.

поразвитка повеќе

Види и: развитка (св.)
поразвиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Развитка малку нешто свиено, завиено; расповие малку, до некој степен.
Примери:
Таа го поразвитка подарокот.

развие повеќе

развијат
Вид збор: Глагол, свршен
Развитка нешто свиено, завиено.
Албански: hap, shpalos
Примери:
Развиј го пакетот да видиме што има.

развитка повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
Развие нешто свиено, завиено.
Примери:
Развиткај ги книгите.

развиткува повеќе

Види и: развитка (св.)
развиткуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
развитка

размота повеќе

Види и: мота (несв.)
размотаат
Вид збор: Глагол, свршен
Развие нешто замотано.
Албански: shpalos
Примери:
Размотај го клопчето.

раствори повеќе

растворат
Вид збор: Глагол, свршен
Се отвори, за нешто свиено.
Албански: hap
Примери:
Рацете сами се растворија.