одвие
одвијат; одвиј, одвијте; одвив, одвија; одвил; одвиев, одвиеја; одвиел; одвиен
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Одвитка, развитка, отвори нешто завиено вадејќи му ја обвивката.
Примери:
Детето го одви подарокот.
Тие го одвија пакетот уште на пошта.
2.
Извади, одмота нешто претходно завиено (пелени, завој).
Примери:
Таа го одви детето и му стави нови пелени.
Сестрата му ја одви раната на војникот и му ја премачка со маст.
Спротивно од:
повие (св.)
3.
Одвитка, отплетка нешто навиткано, завиткано.
Примери:
Мајсторот го одви кабелот од плочата.
Не можеше да ја одвие завитканата жица.
4.
(се одвие) Се одвитка, се одмота нешто завиено.
Примери:
Ако не го закачиш филмот со спојка, тој ќе се одвие.
Челичната жица сама се одви од макарата.
Завојот се одви зашто преврската беше лошо направена.