одвитка
одвиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11201
1.
Одмота, одвие, отвори нешто завиено, развитка.
Примери:
Го одвитка врзопот и од него извади парче леб и сирење.
Тој го одвитка од вратот волненото шалче.
2.
одвие
Примери:
Мајката го одвитка бебето и го остави да помрда со нозете.
Таа му ја одвитка раната и му стави нов завој.
Слично со:
одвие (св.)
3.
Исправи нешто свиткано, искривено.
Примери:
Тој ја одвитка ортомата.
Го одвитка весникот и почна да го чита.
Одвај ја одвитка жицата.
Спротивно од:
свитка (св.)
4.
(се одвитка) Се одмота, се одвие од нешто.
Примери:
Му стана жешко и се одвитка од ќебето.
Завојот ми се одвитка од раката.
Подарокот не беше убаво залепен и се одвитка.
5.
(се одвитка) се одвие
Примери:
Бебето се одвитка, не било добро повиено.
Изведенки
1.
одвиткува несв.
(се) одвиткуваат
(се) одвиткуваат
2.
одвиткување ср.
глаг. им.
глаг. им.