use - онтологија

вложи повеќе

вложат
Вид збор: Глагол, свршен
Употреби, потроши пари, средства, труд за нешто.
Албански: deponoj, jap
Примери:
Ги вложи парите во нова куќа.

вреди повеќе

вредат
Вид збор: Глагол, несвршен
Користи, треба за нешто.
Албански: vlej
Примери:
Вредело да се дојде.

земе повеќе

земат
Вид збор: Глагол, свршен
употреби, користи
Албански: merr
Примери:
Таа зеде таблета против главоболка.

искористи повеќе

искористат
Вид збор: Глагол, свршен
Користи определена можност, ситуација за да постигне нешто.
Албански: përdor, shfrytëzoj
Примери:
Ја искористи неговата наклонетост за да добие подобро работно место.
Користи, злоупотреби некого, извлече корист со сила или измама на нечија штета.
Албански: shfrytëzoj, keqpërdor
Примери:
Го искористи и го остави без размислување.

исползува повеќе

исползуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Извлече полза од нешто.
Примери:
Тој го исползува нејзиното отсуство за сопствено напредување.

користење повеќе

користењето
Вид збор: Именка, среден род
употреба
Албански: përdor
Примери:
Користењето хемиски препарати во земјоделието не се препорачува.

користи повеќе

користат
Вид збор: Глагол, несвршен
Употребува нешто, се служи со нешто.
Албански: përdor
Примери:
Ја користеше власта.

марифет повеќе

мн. марифети
Вид збор: Именка, машки род
вредност, полза
Албански: dobi
Употреба: Разговорно
Примери:
Што марифет ако му го кажеш тоа.

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
Настојува, се стреми кон нешто, постапува некако со цел да постигне нешто.
Албански: përdor
Примери:
Од идната година ќе одиме со новите наставни планови.

ползува повеќе

ползуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Принесува полза некому.
Албански: përdor
Примери:
Тревките ќе ми ползуваат за чаеви.
користи, искористува
Албански: përdor
Примери:
Тие ги ползуваа сувите гранки за потпалување.
(се ползува) Употребува за себе, искористува.
Албански: përdor
Примери:
Тој се ползува со своето родителско право.

послужи повеќе

послужат
Вид збор: Глагол, свршен
Употреби, искористи нешто со некаква цел.
Албански: shërbej
Примери:
Тоа му послужи како повод сета вина да ја префрли врз нив.
(се послужи) Употреби, искористи.
Албански: shërbej, përdor
Примери:
Ќе се послужиме со неколку примери за илустрација.

практикува повеќе

практикуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има обичај, навика за нешто.
Албански: praktikoj
Примери:
Одделни ученици практикуваат да препишуваат.

работи повеќе

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
Во процесот на работата користи нешто како помагало, инструмент.
Албански: përdor
Примери:
Работи со микроскоп.

служи повеќе

служат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се служи) употребува, користи
Албански: përdor
Примери:
Се служи со сите средства за да дојде до целта.

смисла повеќе

(едн.) смислата
Вид збор: Именка, женски род
значење, корист
Албански: kuptim
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Нема смисла така да зборуваш.

узус повеќе

мн. узуси
Вид збор: Именка, машки род
Во судството: употреба.
Албански: përdorim, zakon
Употреба: Правда

употреба повеќе

мн. употреби
Вид збор: Именка, женски род
примена, служење, послужување
Албански: shërben
Примери:
употреба на сила

употреби повеќе

употребат
Вид збор: Глагол, свршен
примени, се послужи
Албански: përdor
Примери:
Употреби оружје.
земе, искористи
Албански: merr, përdor
Примери:
Употреби и лекови.

употребува повеќе

Види и: употреби (св.)
употребуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
употреби
Албански: përdor

употребување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
употребува

фајда повеќе

Вид збор: Именка, женски род
фајде
Турски: fayda
Употреба: Дијалектен збор

фајде повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
корист, добивка
Турски: fayda Албански: fajde, dobi
Употреба: Разговорно
Примери:
Какво фајде виде од тоа?

фајдица повеќе

Види и: фајде (ср.)
мн. фајдици
Вид збор: Именка, женски род
фајде
Употреба: Деминутив
Примери:
Имаше фајдица од тоа.