value - онтологија

важност повеќе

(едн.) важноста
Вид збор: Именка, женски род
вредност
Албански: vlerë
Примери:
Ја напуштиле оваа караула како пуста кула без важност и без значење.

вреди повеќе

вредат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има вредност, важност.
Албански: vlej
Примери:
Вашата личност зар не вреди ништо?

вредност повеќе

вредноста
Вид збор: Именка, женски род
Утврдена цена на нешто.
Албански: vlerë
Употреба: Економија
Примери:
Колкава е вредноста на куќава?

есапи повеќе

есапат
Вид збор: Глагол, свршен
Оценува, искажува свое мислење, сопствена процена.
Албански: vlersoj
Употреба: Архаизам , Разговорно
Примери:
Таа не го есапи за човек.

зачита повеќе

зачитаат
Вид збор: Глагол, несвршен
почитува, цени
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Докторот многу го зачитаат во селото.

котира повеќе

(се) котираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Определи, определува берзанска вредност.
Албански: kutoton, cakton çmim burse
Употреба: Економија
(се котира) Има вредност во очите на јавноcта, во определени кругови.
Албански: kuoton
Употреба: Преносно значење
Примери:
Денеска политичарите највисоко се котираат.

пари повеќе

парите
Вид збор: Именка, множина
вредност
Албански: vlerë
Употреба: Економија , Преносно значење
Примери:
Колку пари чини?

стојност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
вредност
Употреба: Архаизам

цена повеќе

мн. цени
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Вредност, достоинство на нешто.
Албански: vlerë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие беа решени и животот немаше никаква цена за нив.

цени повеќе

ценат
Вид збор: Глагол, несвршен
почитува, уважува
Примери:
Добрите дела секој ги цени.

ценост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
вредност, драгоценост

чини повеќе

чинат
Вид збор: Глагол, несвршен
вреди, има одредена вредност, има цена.
Албански: vlenë
Употреба: Народна поезија
Примери:
Ова не чини ни педесет гроша.
колку (само) вреди
Албански: vlenë, bën
Примери:
Колку пари чини денеска тоа што си имате своја куќа.