цени
ценат; ценел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5905
1.
Определува цена, вредност на нешто или некого; дава оценка, проценува нешто или некого.
Примери:
Еднакво ги ценеше сите производи.
Штетата ја ценеа на неколку милиони денари.
Цени од око.
Една комисија ги ценеше сите кандидати.
2.
почитува, уважува
Англиски:
value
Добрите дела секој ги цени.
Го ценеа како професор.
Умее да ги цени моите жртви.
Високо го ценеа стариот борец.
Слично со:
почитува (несв.)
3.
Најмува некого (за работа на одредено време); се договара за цена (за работа на некого или за вредност на нешто).
Примери:
Го ценил за овчар.
Слично со:
најмува (несв.)
4.
(се цени) Се најмува; се договара за цена.
Примери:
Се ценил со попот да му ги пасе говедата.