vanish - онтологија

губи повеќе

губат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се губи) Станува несвесен, неразумен, отсутен, се занесува.
Албански: humb, zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Понекогаш се губеше и чудно се однесуваше.

загине повеќе

загинат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчезне, се изгуби од видик, за определено време и сл.
Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговата црна силуета загина некаде удолу по долината.

здувне повеќе

здувнат
Вид збор: Глагол, свршен
Побегне, веднаш исчезне.
Употреба: Разговорно
Примери:
Го пуштија условно, а тој ја здувна преку граница.

изгуби повеќе

Види и: губи (несв.)
изгубат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изгуби) Исчезне без трага, го снема.
Албански: humb, zhduket
Примери:
Сонцето се изгуби зад хоризонтот.

линее повеќе

линеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Губи сила, здравје, физички слабее, премалува, опаѓа.
Албански: shuhem
Примери:
Беше почнал да линее од лоша болест.
(се линее) се губи
Албански: shuhem

тептисува повеќе

Види и: тептиса (св.)
тептисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
се насесува, се губи
Употреба: Разговорно