venerable - онтологија

достоен повеќе

достојниот
Вид збор: Придавка
Што има углед, што има достоинство.
Албански: i denjë, që meriton
Примери:
достоен човек

достоинствен повеќе

достоинствени
Вид збор: Придавка
Што има достоинство, што предизвикува почит.
Примери:
достоинствен човек

преподобен повеќе

преподобниот
Вид збор: Придавка
Додавка кон името на видни духовници, т.н. свети монаси.
Употреба: Црковен термин
Примери:
Преподобен Наум Охридски - Чудотворец.

пречесен повеќе

Види и: чесен (прид.)
пречесниот
Вид збор: Придавка
свет
Употреба: Религија
Примери:
Пречесниот Мун, основач на т.н. Обединета црква е сместен на интензивно одделение во болница.