wait - онтологија

доисчека повеќе

Види и: исчека (св.)
доисчекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчека се, сите до еден.
Албански: pres të gjithë
Примери:
Ги доисчека да влезат сите, па потоа почна да зборува.
Исчека нешто до крај, дочека.
Албански: pres deri në fund
Примери:
Го доисчека моментот кога ќе му се признаат заслугите.

дрежди повеќе

дреждат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чека долго време на исто место.
Примери:
Дреждиме со отворени очи.

зачека повеќе

Види и: чека (несв.)
зачекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да чека.
Албански: filloj të pres
Примери:
Првачињата уште рано зачекаа во училишниот двор.

исчека повеќе

исчекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дочека до крај нешто да заврши.
Албански: pres deri në fund
Примери:
Не можеше да исчека да не му каже прва.

начека повеќе

начекаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се начека) Помине долго време во чекање.
Албански: pret
Примери:
Чекајќи го возот, се начекавме.

опчекува повеќе

Види и: чека (несв.)
опчекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
очекува, чека

попочека повеќе

Види и: почека (св.)
попочекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почека малку или уште малку.
Примери:
Тој ја попочека уште малку, но таа не дојде.

попричека повеќе

Види и: причека (св.)
попричекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Причека уште малку.
Примери:
Ајде да попричекаме да видиме како ќе се развиваат натаму дејствата.

почека повеќе

почекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Чека малку, некое време.
Примери:
Го почекав пред влезот на зградата.

причека повеќе

причекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Чека малку, извесно време.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Причекај малку, сега ќе дојдам.

сочека повеќе

сочекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Чекајќи дочека некого.
Примери:
Треба да се сочека и да се види дали земјата ќе ја искористи оваа шанса.

чека повеќе

чекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Трпеливо поминува определено време во исчекување да се случи нешто.
Албански: pret
Примери:
Цела година ве чекав да одговорите, повеќе нема да чекам.