дочека
Види и:
чека (несв.)
дочекаат; дочекал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1336
1.
Помине извесно време во очекување на некого или нешто.
Примери:
Го дочекал во канцеларија.
Ги дочекаа работниците.
2.
Очекува, се случи, доживее некој момент, настан и сл.
Англиски:
experience
Албански:
pres, përjetoj
Што времиња дочекавме.
Ја дочекал на раце.
Ја дочека пролетта.
Дочекавме слобода.
Слично со:
доживее (св.)
3.
Прими, поздрави гости.
Англиски:
receive
Албански:
pres, priti
Ги дочекаа гостите со радост.
Како мајка моја да ја дочекаш.
Слично со:
пречека (св.)
4.
Пресретне, спротивстави во борба.
Англиски:
encounter
Албански:
pres, ndesh
Да го дочекаме непријателот.
Јуначки ја дочекаа војската.
Законот беше дочекан на нож.
Слично со:
спротивстави (св.)
Изрази
(клетва) Бел ден да не дочека.
Кој чека, ќе дочека.
Изведенки
1.
дочекува несв.
дочекуваат
дочекуваат
2.
дочекување ср.
мн. дочекувања
глаг. им.
Пример: Зачестија со разните приеми и свечени дочекувања.
мн. дочекувања
глаг. им.
Пример: Зачестија со разните приеми и свечени дочекувања.