начека
начекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6540
1.
Дочека нешто на раце, в раце, на нога, на гради и сл.
Примери:
Ако не го начекаше на раце, детето ќе се осакатеше.
Ја начека топката на глава и ја упати во голот.
Слично со:
парира (св. и несв.)
2.
Најде, сретне, дочека некого со лоша намера.
Примери:
Сакаше да го начека и ненадејно да го нападне.
Кога и да е, ќе го начекам.
Слично со:
изигра (св.)
3.
Доживее, дочека жив нешто.
Англиски:
live to see
Албански:
përjetoj
Ех, што начекавме, човек со човека да не сака да се види.
Вие сте млади, ќе начекате подобар живот.
Слично со:
доживее (св.)
4.
Добро дојде, се најде, помогне (обично за пари).
Примери:
Парите од наградата добро го начекаа.
Слично со:
добредојде (ср.)
5.
(се начека) При паѓање - се задржи, се помогне.
Примери:
Кога паднал, се начекал на раце.
6.
(се начека) Помине долго време во чекање.
Примери:
Чекајќи го возот, се начекавме.
Додека извадив виза, се начекав со денови.
Слично со:
исчека (св.)
Изрази
Начека во тесно (некого) - искористи некого кога е во тешка, безизлезна положба.
Изведенки
1.
начекува несв.
(се) начекуваат
повт.
(се) начекуваат
повт.
2.
начекување ср.
глаг. им.
глаг. им.