блудат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се насочува, преминува без да се сосредоточи од еден на друг предмет (за очи, поглед, мисла).
Примери:
Очите му блудеа во небото со нем унес.
бродат
Вид збор: Глагол, несвршен
лута, скита
Примери:
Проклет живот, одделени дури до гробот, по планините да бродиш со пушка.
вагабондираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Скита, лута како вагабонт; го менува бргу местото на престој.
Примери:
Тој не може да седи на едно место, мора постојано да вагабондира.
веат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се вее) скита, талка
Примери:
Тие знаат и дека носиш брада и дека се вееш таму-ваму сам.
вртат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се врти) Се вртка, се задржува непотребно.
Примери:
Ај, да не се вртиме повеќе, да одиме веќе.
(се) заскитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да (се) скита.
Примери:
Откога го избркаа од дома, тој заскита по улиците.
залута
Примери:
Погледот му заскита во далечината.
лутаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди без цел, скита.
Примери:
Лута по улиците на градот.
Вид збор: Глагол, свршен
Поскита малку, некое време.
Албански:
shetis, gjezdis
Примери:
Проскита малку на млади години, виде свет.
размоткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Бесцелно шета некого наоколу.
Примери:
Марија ја размотка другарка ѝ по продавници.
сноват
Вид збор: Глагол, несвршен
(се снове) Талка, нагоре надолу.
шаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не е во мирување, се движи.
Примери:
Лисјето шаваат надвор, изгледа дувка ветар.
шетаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За очи, мисла - движи се во разни правци.
Примери:
Очите му шетаа по движењата на гостинот.