well - онтологија

арен повеќе

арни
Вид збор: Придавка
добар
Употреба: Разговорно
Примери:
арен човек

арно повеќе

Вид збор: Прилог
добро, убаво
Примери:
Не му е арно.

бунар повеќе

мн. бунари
Вид збор: Именка, машки род
Ископана и обѕидана длабока јама за вадење подземна вода.
Турски: pınar
Примери:
Ископајте длабок бунар, извадете ладна вода, натопете лути рани да не горат, да не болат.

добре повеќе

Вид збор: Прилог
Само во изразите: Добре дојде! Добре најдов!
Примери:
Добре ми дојдовте драги гости!

добро повеќе

Вид збор: Прилог
На добар начин, успешно, пожелно, исправно, онака како што треба да биде.
Примери:
Таа добро го одгледа синот.
богато, безгрижно, среќно
Примери:
Знаев дека добро заработува.
Израз за одобрување, согласување со нешто.
Примери:
Дојде ли? - Добро!

рвеник повеќе

мн. рвеници
Вид збор: Именка, машки род
(’рвеник) бунар, студенец
Примери:
Донесе вода од ’рвеникот.