wriggle - онтологија

вие повеќе

вијат
Вид збор: Глагол, несвршен
се извива, кривуличи
Албански: dredhë
Примери:
Реката се виеше како змија меѓу врбаците.

врголи повеќе

(се) врголат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се прпелка, се чувствува незгодно.
Албански: përdridhem
Примери:
Тој почна да се врголи, да стенка, да бревта да се поти и да му кркори грлото.

жерави повеќе

(се) жерават
Вид збор: Глагол, несвршен
Се метка, се вртка, се наоѓа во немирна состојба, се движи во сите правци.
Примери:
Говедата се жеравеа, заразени од жабица.

извива повеќе

извиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
За нешто што може да прави извиви.
Албански: përdredh
Примери:
Димот извива од оџаците.
(се извива) За човек - се витка.
Албански: përdredh
Примери:
Играорката се извива по тактот на музиката.

мешколи повеќе

(се) мешколат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се мрда, се витка, се вртка.
Примери:
Детето почнува да се мешколи, да станува раздразливо или вознемирено.

усуче повеќе

усучат
Вид збор: Глагол, свршен
(се усуче) се врти, се сучи
Албански: sillem, rrotullohem
Примери:
Се усука царот и фати да ѝ се моли на жената.

усучува повеќе

Види и: усуче (св.)
усучуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се усучува) Се врти, немирно седи.
Албански: dredh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само се усучува, не може да заспие.